Поради една заразена жена, цела држава е ставена во карантин
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Август, 2020
Бутан првпат прогласи целосен карантин поради една жена заразена од коронавирусот.
27-годишна жена е тестирана и била негативна, а потоа е пуштена од изолација откако се вратила од Кувајт, и потоа била позитивна при повторното тестирање.
Тој неочекуван целосен карантин е прогласен со цел полесно да се утврдат контактите на заразеното лице и да се запре ширењето на вирусот.
Бутан ги затвори своите граници во март откако американски турист беше тестиран позитивно за Ковид-19 и нареди тринеделен карантин за сите оние кои се враќаат од странство.
Досега 113 луѓе биле заразени во оваа земја.Починат од коронавирусот засега немало во Бутан.
Оваа земја зависи од туризам, а сега е во карантин.
Во светот сега има скоро 21 милион заразени од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.