Поради коронавирусот прогласија општа мобилизација
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Ноември, 2020
Иран прогласи општа мобилизација поради коронавирусот.
Претседателот Хасан Рохани денеска прогласи „општа мобилизација на нацијата и Владата“ поради соочување со третиот бран на коронавирусот.
Претходно, здравствените власти потврдија најголем број на дневни случаи во најтешко погодената земја на Блискиот Исток.
„Ги повикувам сите владини организации и други институции да им помогнат со сите сили на Министерството на здравство и на медицинските работници“, кажа Рохани.
Владата вчера соопшти дека од 21 ноември во Техеран и околу стотина други градови низ државата ќе бидат воведени построги ограничувања.
Министерството за здравство потврди и 459 нови смртни случаи, вкупно 41.493 починати лица.
Во Иран за 24 часа се регистрирани рекордни 12.543 новозаразени случаи, со што вкупниот број во земјата од почетокот на пандемијата достигна 762.068 лица.Во септември беше соопштено дека во земјава почнал трет бран на коронавирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.