Поради Македонија руското МНР ги нападна САД и ЕУ
Објавено во: Македонија, Свет 18 Октомври, 2018 20:55
Руското Министерство за надворешни наведува дека Соединетите американски држави ја притискаат опозицијата во Македонија, за да ја вовлечат земјата во НАТО.
Велат дека таквото мешање е недопустливо и ги преминува сите можни граници.
На веб страницата на руското МНР, е објавен коментар на министерството околу странското мешање во внатрешните работи на Македонија.
„Врз опозициските пратеници се истури бура од повици со препорака да не се пропушта историската шанса, како и дека има различни бонуси за вистинскиот избор. Конкретно, заменик државниот секретар, Вес Мичел, во објавеното писмо до лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, без задршки му диктира како треба да се однесува“, пишува во коментарот на руското МНР.
Целта да се вовлече Македонија во НАТО треба да се постигне по секоја цена, пишува руското МНР.
Според Москва, во прашање е најгрубо мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




