Поради страв од коронавирусот, човек три месеци живеел на аеродром
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Јануари, 2021
Човек кој се плашел да лета поради пандемијата на коронавирусот живеел три месеци неоткриен во безбедно подрачје на меѓународниот аеродром во Чикаго.
Како што пренесува Би-Би-Си, Адитја Синг (36) е уапсен во саботата откако персоналот на авио-компанијата му побарал да покаже лична карта.
Тој покажал значка, а таа наводно припаѓала на оперативниот менаџер кој пријавил нејзино исчезнување во октомври. Полицијата вели дека Синг на 19 октомври пристигнал со лет од Лос Анџелес до меѓународниот аеродром Охаре.
Тој на аеродромот наводно пронашол значка на персоналот и „се плашел да си оди дома заради ковид“, рекла помошничката државен обвинител Кетлин Хагерти, пренесува Чикаго Трибјун.
Окружната судијка Сузана Ортиз изразила изненадување на околностите на случајот.
„Тој успеал да живее од податоците на други патници“, рекла судијката во случајот.
Синг живее во предградието на Лос Анџелес и нема криминално досие, според зборовите на помошничката јавен обвинител. Не е јасно зошто тој бил во Чикаго.
Тој е обвинет за криминално дело во заштитеното подрачје на аеродромот и кражба.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.