Поради „тесните грла“ во бразилските пристаништа се вивна цената на шеќерот
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Јули, 2020
Поскапе шеќерот и маслото за јадење.
Првпат годинава, во јуни се зголеми цената на храната.
Индексот на Агенцијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО) на цената на кошничката со основни прехранбени производи порасна за 2,4 проценти во јуни во однос на претходниот месец, на просечни 93,2 бода.
Цените на шеќерот се зголемија за 10,6 проценти во однос на мај, благодарение, делумно на извештаите за „тесните грла“ во бразилските пристаништа поврзани со мерките за спречување на ширењето на вирусот, наведе ФАО.
Цените на растителните масла, шеќерот и млечните производи се стабилизираа по остриот пад во мај.
Цените на житото и месото останаа под притисок на пазарот.
Цените на растителното масло најмногу пораснаа во јуни, за 11,3 проценти, што се одраз, пред сè, на порастот на цената на палминото масло, како резултат на закрепнувањето на глобалната побарувачка и стравот од можни проблеми со производството, како резултат на недостигот на работници мигранти поради пандемијата на коронавирус.
Индексот, кој го покажува движењето на цените на млечните производи се зголеми за четири проценти.
Податоци објавени во мај покажаа дека поради коронавирусот, храната во светот поевтинила.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.