Поради вирусот Москва два месеци ќе биде под рестрикции
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Ноември, 2020
Москва воведе двомесечни рестрикции поради ширењето на коронавирусот.
Мерките ќе бидат на сила до 15 јануари.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин нареди кафулињата, рестораните, баровите и ноќните клубови да бидат затворени меѓу 23 часот и шест часот наутро, a наставата на универзитетите да се одвива онлајн, пренесува АП.
Се ограничува и бројот на граѓани во театрите и кината, а откажани се многу културни и забавни настани.
„Од 13 ноември до 15 јануари, бројот на граѓани во театрите, кината и на концертите ќе биде ограничен на една четвртина од вкупниот капацитет“, рече Собјанин.
Русија е погодена од нов бран на епидемијата на коронавирусот од септември, а дневниот број на заразени се зголеми на повеќе од 20.000 луѓе оваа недела.
За 24 часа се забележани 20.977 новозаразени, од кои 5.902 во Москва.
Вкупниот број на заразени ширум Русија порасна на 1,8 милиони.
Досега има над 31.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.