Поради воспитувачка позитивна на ковид во градинка во Битола, цела група во изолација
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020
Уште еден нов
случај на ковид е потврден во градинката „Коца Василева“ во Битола, каде на вирусот
е позитивна воспитувачка, поради што во целата група во која има 13 деца сега е во изолација и пор редовен надзор
на матичните лекари.
За телевизијата Тера, директорката на градинката, Снежана Тодоровска изјави дека станува збор за кластер надвор од градинката и дека од моментот кога по епидемилошка анкета имало сомнеж за контакт со позитивно лица, таа не се појавила на работа. Тодоровска истовремено посочува дека веднаш биле известени родителите и дека немало никаков проблем. Инаку, занималната е затворена и ќе се дезинфицира, а групите во градинката не се во меѓусебен контак, заради што во изолација останува само групата на воспитувачката.