19 Мај, 2024
0.0382

Поранешен британски министер: Макрон не ги сака Северна Македонија и Албанија во ЕУ поради Ле Пен

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Денис Мекшејн, поранешниот британски министер за Баканот од 2001 до 2005, по Беринската конференција ги повика Ангела Меркел и Емануел Макрон да не чекаат земјите од Западен Балкан да станат како Шведска за да бидат примени во ЕУ и тоа да го направат порано. Во повикот што го објави грчки „Катимерини“ тој ги повика двајцата европски лидери, по испратените песимистички пораки од Берлинската конференција, да не го казнуваат 19-милионскиот народ од регионот.

Мекшејн посебно истакнува дека Макрон не ги сака Северна Македонија и Албанија поради тоа што знае дека ќе добие жестока критика од француската опозиционерка, националистка и популист Марин Ле Пен. Таа во тој случај ќе му одземе многу политички поени откако ќе го обвини Макрон дека во ЕУ прима земји со големо муслиманско население.

„Значи, уште повеќе е бизарно што лидерите на денешната ЕУ одеднаш ја затворија вратата за скромно проширување на Европа и да не вклучат некои мали европски нации со комбинирано население од 19 милиони, кои се надеваа на ист третман како кон балтичките држави или двете земји што произлегоа од Чехословачка во 1990-тите

Во Берлин минатата недела лидерите на Германија и Франција во глупав, кратковиден потег објавија дека амбициите на Западен Балкан за Европа ќе бидат отфрлени најмалку уште 5-10 години. Зошто Емануел Макрон и Ангела Меркел играат во рацете на Владимир Путин со негирање каква било перспектива за европска иднина на шест мали европски земји лоцирани помеѓу Егејското Море и Јадранското Море?

Овој потег е исклучително штетен за Грција, која ќе биде главен корисник на инвестициите на ЕУ во нејзините северни соседи, како и општата економска и политичка интеграција на сите западнобалкански држави во ЕУ.

Се надеваме дека секоја земја ќе стане мала земја-членка на ЕУ и ќе ги добие истите бенефиции како оние што се приклучија на ЕУ пред 15 години и треба да се третираат според нејзините заслуги.

Скопје направи херојски напори со Атина да го реши проблемот со името. Албанија под Еди Рама постојано се движи напред. Русија постојано се мешаше да спречи каква било конечна спогодба меѓу Северна Македонија и Грција, која ги истера руските дипломати при обидот да го поткопаат договорот за промена на името.

Францускиот претседател Макрон призна во 2017 година, кога имаше визија за Европа, дека "ЕУ ќе мора да се отвори кон балканските земји, бидејќи нашата ЕУ е сé уште привлечна и нејзината аура е клучен фактор за мир и стабилност на нашиот континент . "

Сега Макрон ја промени политиката за 180 степени. Претпоставката е дека тој не сака да и даде муниција на Мари Ле Пен, која ќе го осуди фактот дека три од нациите - Албанија, Косово и Северна Македонија - имаат европско муслиманско население. Но, во Франција и Германија има повеќе муслимани отколку целиот Балкан, а претседателот Макрон и канцеларката Меркел не треба да дозволат нивната политика на ЕУ да биде диктирана од исламофоби како Марин Ле Пен или АФД во Германија.

Она што го направија Макрон и Меркел е да ја негираат секоја надеж на 19 милиони Европејци. И без надеж, најлошото секогаш се крева на површината. Србија може да избере да биде нов сателит на Кремљ во југоисточна Европа, но нема потреба да се казнат Северна Македонија, Албанија, малата Црна Гора или Косово. Најмалку, како што препорача Европската Иницијатива за стабилност оваа недела, ЕУ треба да дозволи безвизен режим за Косоварите и да го поддржи влезот на Косово во Советот на Европа. Грција би можела да помогне со признавањето на Косово, како што можеше со Шпанија, Романија и Словачка.

Чекањето на балканските земји да станат Шведска или Швајцарија не е сериозна политика. Ова е прв пат Европа да ја затвори вратата на сиромашните европски нации и да ги негира шансите за нивен развој. Многумина во регионот ќе го извлечат очигледниот заклучок дека ако Европа не дојде до нив, тие ќе мигрираат на север и на запад кон Европа. И Грција нема да има патишта што водат од Егејот до Алпите за да создадат инвестиции и работни места во грчката економија“, гласи писмото на Мекшејн.


Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри