19 Мај, 2024
0.0376

Поранешен заменик-министер и директор на Скопски саем ќе води огромна израелска инвестиција во Македонија

Објавено во: Економија 24 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Поранешниот заменик-министер за транспорт и врски и последен директор на Скопски саем, Дејан Кошутиќ, е назначен да раководи со големата израелска инвестиција во Македонија на гигантот Big Shopping Centers, познат по тоа што купува недвижнини на Балканот и поседува трговски молови во регионот.

Овој пат Big Shopping Centers преку својата фирма за инвестирање во производство на електрична енергија БИГ Енергиа Холдингс ја регистрираше македонската компанија Биг Мега Менаџмент, со која ќе управува Кошутиќ.

Big Shopping Centers  на крајот од изминатото лето соопшти дека презема проект во Македонија вреден 53 милиони евра. Проектите треба да се градат на нешто помалку од 130 хектари земја. 

Кошутиќ ни потврди дека тој ќе биде директор на инвестицијата која, како што ни открива, веќе има добиено одобрение за соларна електрана кај Пробиштип со моќност од огромни 119 мегавати, а веќе се и превземени уште неколку електрани со над 50 мегавати. Повеќе детали неговата компанија ќе најави за неколку недели.

БИГ Енергиа Холдингс, огранокот на Big Shopping Centers, во последно време инвестира, но и купува готови проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори. Свои тековни инвестиции има во Романија и БИХ, а активна е и во други земји од регионот.

Генералниот директор на компанијата за Европа, Јоси Еделштајн, рече декакомпанијата купила проекти со вкупен капацитет од 500 мегавати и оти инвестициите во нив треба да изнесуваат вкупно 520 милиони евра. Вкупната моќност од портфолиото на проекти во подготовка достигна 1,4 гигавати. Компанијата има за цел да биде доминантна во областа на обновливите извори на енергија во Источна Европа и на Балканот. Изградбата на некои проекти се очекува да започне следната година. Менаџментот на компанијата бара повеќе можности за инвестирање во Источна Европа и на Балканот кои ги исполнуваат нејзините критериуми за инвестирање.

BIG работи од 1994 година. Таа е водечка групација за недвижнини во Израел. Компанијата излезе на берзата во Тел Авив во 2006 година, а нејзината пазарна капитализација на 31 декември 2021 година беше 3,1 милијарди евра.

Кошутиќ од 2002 до 2006 беше заменик-министер за транспорт и врски, а директор на Скопски саем беше до самото постоење на претпријатието кое се расформира во 2020. Во меѓувреме беше и шеф за изнаоѓање странски пазари на АД Бетон.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?