Добивај вести на Viber
Поранешнат директорка на водечката светска компанија за накит Tiffany & Co беше осудена на 1 година затвор поради кражба на накит вреден над 1,3 милиони долари.
64 -годишната Ингрид Ледерхас - Окун ја призна кражбата и раскажа дека има ги има продадено скапоценостите . Сојузниот судија од Њујорк ја утврди нејзината постапка како „необјасниво и самоуништувачко однесување на лице кое нема потреба од пари " . По напуштањето на нејзината функција во февруари оваа година во компанијата е утврдено дека се исчезнати 164 парчиња накит.
Меѓу исчезнатите уникати има дијамантски ѓердани , златни обетки и прстени со скапоцени камења . За време на истрагата е утврдено дека Ингрид Ледерхас - Окун има продадено дел од накитот на илегални меѓународни дилери за над 1,3 милиони долари , а друг дел се откриени во нејзиниот дом . Ингрид Ледерхас - Окун добивала 360 000 долари годишна плата и живеела во куќа вредна над 4 милиони долари.
"Никој не може да објасни што ја натерало Ингрид Ледерхас - Окун да тргне по патот на самоуништувањето, кој има само еден излез - катастрофа" , се вели во одлуката на судијата Пол Гардиф .