Поранешната шефица на „HP“ се кандидира за претседател на САД
Објавено во: Свет 04 Мај, 2015 14:12
Поранешниот извршен директор на „Hewlett-Packard“ (1999-2005 година), Карла Фиорина објави дека ќе се кандидира за претседател на САД.
Со тоа таа станува првата жена која ќе се бори за номинацијата на Републиканската партија во врска со претстојните претседателски избори на крајот на 2016 година , објавија американски медиуми.
„Да, ќе учествувам“, изјавила Фиорина во утрински блок на американската телевизија „ABC“. Потоа брзо беше распространето по профилите на низ социјалните мрежи, дека ќе се бори за номинација на Републиканската партија.
Во 2010 година ја загуби борбата за место во Сенатот во Калифорнија.
Фиорина е една од ретките жени кои учествувале во прелиминарни избори на Републиканската партија за избор на кандидат за претседател на САД. Во 2012 година републиканката Мишел Бахман од Минесота се бореше за победа во Републиканската партија. Во 2000 година поранешниот сенатор од Северна Каролина Елизабет Дол учествуваше во битката за избор на кандидат на Републиканската партија.
Во последниве месеци, поранешниот извршен директор на „Hewlett-Packard“ ја посети Ајова и Њу Хемпшир, за да се сретне со активистите. Таа го критикува поранешниот државен секретар Хилари Клинтон, кој е главен кандидат на Демократската партија.
Главните ривали на Фиорина во Републиканската партија се поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, сенаторот од Флорида Марко Рубио и гувернерот на Висконсин Скот Вокер.
Пред повеќе од еден месец, Карла Фиорина навести дека може да учествува во претседателските избори во САД во 2016 година.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница




