Поранешниот ривал Гидеон Сар на позиција во владата на Нетанјаху
Објавено во: Свет 29 Септември, 2024
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска објави дека го именувал поранешниот ривал Гидеон Сар за член на неговиот кабинет.
Според нивниот договор, Нетанјаху рече дека Сар ќе добие место во безбедносниот кабинет, телото кое го надгледува водењето на војната.
Сар се надеваше дека ќе го замени министерот за одбрана Јоав Галант, но договорот за тој да стане министер за одбрана пропадна пред неколку недели откако се интензивираа борбите со Хезболах.
Како што јавуваат странските агенции, овој потег ја проширува владејачката коалиција на Нетанјаху и помага да се зајакне власта на израелскиот лидер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.