05 Декември, 2025
0.0275

Пораст на јавниот долг, сега изнесува 30,7 % од БДП

Објавено во: Финансии 02 Јануари, 2013 14:53

Добивај вести на Viber

Нов пораст на јавниот долг. Во ноември, долгот на централната влада достигна 30,7% од бруто домашниот производ - покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии. Од вкупниот долг на централната влада, кој изнесува 2,4 милијарди евра, 1,6 милијарди евра отпаѓаат на надворешниот долг, на чија страна се забележува намалување во однос на октомври. Внатрешниот долг се зголеми и достигна 803,5 милиони евра, што во однос на месецот претходно претставува зголемување за 20 милиони евра. Иако 2012 та почна со ниво на јавен долг од 26,1% од бдп, во третиот кавртал почнува тренд на позначајно задолжување, особено на домшен терен, со што стапката се доближува до 31 % од бдп, што е највиската измерена стапка во последните пет години. Токму на крајот од 2012 та во јавноста се отвори жестока дебата за тоа колку навистина е задолжена државата дома и во странство и дали владата дозирано ја информира јавноста за состојбата со долговите. Поранешниот гувернер и еден од поранешните министри за финасии, Петар Гошев, како и академик Абдулменаф Беџети тврдеа дека податоците за вкупниот јавен долг, кои не се достапни на јавноста, покажуваат дека тој изнесува повеќе од 45 отсто од БДП. Во извештаите на меѓународните финансиски институции македонија е во групата на “средно “ задолжени земји. Неодамна од Светска Банка порачаа внимателно да се трошат буџетските пари. „Наш предлог за тоа како да се трошат скапоцените фискални ресурси во овој период на криза е тие да се инвестираат во капитални расходи кои се продуктивни во иднина, како што се инфраструктура и енергетика, бидејќи тие на среден рок го поддржуваат економскиот раст во една земја. Исто така, со оглед на фактот што одредени категории граѓани се поранливи, ја поддржуваме Владата во насока на зголемување на мрежата на социјална заштита“, изјави Бригит Хансел, тим лидер од Светската Банка. Оваа година почнува со ново задолжување од 250 милиони евра зад кое како гарант стои Светска банка. Законот за задолжување владачкото мнозинство го изгласа без присуство на опозицијата во парламентот, откако претходно на ист начин го усвои и буџетот за 2013 та година. „Клучните четири активности што се поддржуваат со овој заем се во следните области: производство со повисока додадена вредност, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрување на ефикасноста на услугите за трговска логистика и поголема флексибилност на пазарот на труд“, изјави Министерот за финансии Зоран Ставревски. За 6 дена Владата треба да врати 185 милиони евра по основ на евробврзницата што беше земена во кризната 2009 та година со значајно висока камата од 9,8%. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“