18 Декември, 2025
0.0477

Porsche го прослави успешното лансирање на целосно електричниот Macan на ексклузивен настан во Скопје

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2024 12:32

Добивај вести на Viber

Porsche со гордост го лансираше новиот и целосно електричен Macan, прославен на прекрасен настан одржан во Скопје, во организација на Порше Македонија. Вечерта не само што го прикажа новиот Macan, туку го претстави и иконскиот Taycan, нагласувајќи ја посветеноста на Porsche за електрификација и одржливата иднина.

Гостите беа почестени со воодушевувачки поглед на градот додека се восхитуваа на врвниот дизајн на Macan и возбудливите перформанси од прва рака. Настанот вклучуваше детална презентација во живо, овозможувајќи им на присутните да ја почувствуваат возбудата на новиот Macan.

Генералниот менаџер на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски, ја отвори вечерта споделувајќи увид кон визијата на компанијата за иднината на електричната мобилност, нагласувајќи ја важноста на одржливоста без компромиси за перформансите.

„Живееме во време на трансформација, каде светот се движи кон поодржлива иднина. Во Porsche, ова не го гледаме како предизвик, туку како можност да ги поместиме границите на она што е можно. Нашата посветеност на иновациите, перформансите и одржливоста не доведе да создадеме возило што поставува нов стандард на пазарот на електрични SUV.Новиот Macan не е само уште еден електричен автомобил - тоа е Porsche. Вистински спортски автомобил во срцето, кое нуди возбудливото возачко искуство што го сакаат ентузијастите на Porsche, сега придвижувано од најновите достигнувања во електричната технологија.“ – Изјави Златко Муцунски, Генерален Менаџер на Порше Македонија.

„Електричниот Macan е Porsche, се чувствува како Porsche, се вози како Porsche. Електричната платформа не ја одзема суштината, туку ја подобрува и ја нагласува. Ние сме горди на тоа што претставува Macan – симбол на нашата посветеност за поместување на границите и создавање на иднина каде што електричната мобилност носи возбуда, ефикасност и непогрешливост. “ – изјави Винко Марашевиќ, Бренд Менаџер на Porsche.

Вечерта поттикна длабоки разговори помеѓу автомобилските ентузијасти, лидерите во индустријата и претставниците на медиумите, сите собрани да го прослават наелектризираниот напредок на Porsche.

Porsche смело и со сигурни чекори го продолжува своето патување кон електричната мобилност, носејќи повозбудливи модели на својата посветена база на фанови и клиенти.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?