19 Декември, 2025
0.0433

Порталот Факултети.мк одбележа три години постоење

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2014 12:36

Добивај вести на Viber

Факултети.мк водечкиот македонски портал за образование и наука, денеска слави 3 години од своето постоење. Поминаа 3 години посветени на факултети.мк. Денеска можеме да бидеме горди што успеавме да создадеме силен медиум посветен на образованието, медиум преку кој студентите може слободно да се изразат и вистински партнер на високообразовните институции. Тимот на Факултети.мк не се само осумтемина соработници кои се грижат за секојдневното функционирање на порталот туку и сите студенти, поединци, компании и високообразовни институции кои придонесуваат заедницата да добие вистинска платформа за поврзување на студентската и научната јавност. Им благодариме на сите кои не поддржа во изминатиот период и им најавуваме уште многу новитети и сервиси кои ќе бидат од корист на сите“ – изјави Стојче (Коко) Ѓорѓиев, еден од основачите на порталот Факултети. Порталот го одбележа роденденот со промоција на новата албанска верзија на оваа интернет страница – Fakultetet.com со која ќе се анимира студентската заедница во Албанија и Косово. Факултети.мк (fakulteti.mk) е водечки македонски портал за образование и наука. Две години по ред (2012 и 2013 год.) е добитник на признанието “Најпопуларен веб сајт во Македонија“. Месечно порталот е посетен од повеќе од 300.000 посетители кои прелистуваат над 3 милиони страници на порталот. Факултети.мк е иницијатор на повеќе општествено корисни акции со кои ја стимулира хуманоста (пр. “Солидарен Оброк“) и развојот на научната и творечка мисла со што активно работи на својата мисија да биде движечка сила во промоцијата на образованието и трајните вредности кај младите луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција