18 Декември, 2025
0.0648

Поштенска банка се присоединува кон Еуростандард банка!

Објавено во: Финансии 10 Јуни, 2014 08:29

Добивај вести на Viber

Од јануари годинава Еуростандард банка стана целосен сопственик на Поштенска банка. Еуростандард тогаш беше и единствен учесник на берзанската аукција, а државните акции ги купи за вкупно 4,4 милиони евра. Почна процесот на присоединување на Поштенска банка кон Еуростандард банка. Еуростандард банката преку јавни огласи објавува дека по завршувањето на процесот на присоединување, името и седиштето на банката која ќе постои како правен субјект ќе биде Еуростандард банка АД Скопје. Според објавата, акционери во Еуростандард банка АД Скопје ќе бидат два субјекти и тоа Gofi- Group of Finance and investment SA - Melide и E.H.H Eastern Hemisphere Holding SA - Melide. Банката и понатаму ќе врши финансиски и осигурителни, но и советодавни и консалтинг услуги. Спојувањето на Поштенска и Еуростандард банка доаѓа по неколкуте обиди Поштенска да добие инвеститор. Пред речиси година ипол Министерството за финансии бараше консултантска куќа која ќе направи проценка на Поштенска банка АД Скопје како и проценка на акциите на банката. Владата со својата златна акција тогаш имаше одлучувачка позиција за продажба на оваа банка. Но, од јануари годинава Еуростандард банка стана целосен сопственик на Поштенска банка. Банката во сопственост на бизнисменот Трифун Костовски која поседуваше две третини од Поштенска ја купи и последната третина која беше во државна сопственост. Еуростандард тогаш беше и единствен учесник на берзанската аукција, а државните акции ги купи за вкупно 4,4 милиони евра. „Тоа беше за нас најважниот дел, да ги откупиме преостанатите 33.3% и да имаме 100% владение на Поштенска банка. Со тоа воедно се гаси златната акција на државата и дефинитивно можеме сами да управуваме со својот имот и самите да го развиваме, бидејќи во минатото таа златна акција се користеше секогаш кога требаше да се донесе некоја важна одлука“, изјави за медиумите во јануари годинава Трифун Костовски. Преземањето на Поштенска банка треба да ја постави Еуростандард во групата на средни банки според вредноста на капиталот. Грци и Бугари ја меркаа, но не ја купија Поштенска банка! Во банкарските кругови пред речиси две години наголемо се зборуваше дека грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас сака да купи банка во Македонија. Сопственикот на Поштенска банка, Трифун Костовски, тогаш јавно потврди дека преговарал со Кондоминас, но безуспешно. Костовски преговараше и со албанската банка Крединс, но ниту со нејзините претставници успеа да договори продажба на Поштенска банка. „Последните преговори и со грчките и со албанските инвеститори завршија без договор за купување бидејќи условите што ги понудија не беа прифатливи за нас. Тие на Македонија гледаат како на неатратктривна земја за нивниот капитал и ја потценуваат вредноста на домашните банки”, изјави лани Костовски. Откако Народната банка на Македонија (НБМ) издаде наредба за продажба на Поштенска банка, најдалечната фаза до која стигна банката беа преговорите со неколку инвеститори. Во 2005 година холандската банка ИНГ сакаше да влезе во македонскиот банкарски сектор токму преку Поштенска банка. Иако преговорите дојдоа до самиот крај, непсредно пред склучувањето на договорот, Холанѓаните се откажаа од Поштенска без никаква најава. Зделката пропадна со образложение од Амстердам дека Македонија не била стратешка земја за банкарскиот бренд. Две години подоцна, интерес за купување на Поштенска банка покажа Централната кооперативна банка од Софија (ЦКБ). По неколкумесечни преговори и средби, НБМ во декември 2007 година даде согласност за продажба на Поштенска банка на бугарската ЦКБ. Но, и тогаш немаше конкретен договор, иако претставниците на ЦКБ дури и уплатија депозит од 9 милиони евра за склучување на договорот за купопродажба. Владата тогаш, со својата златна акција во последен момент се премисли и ја запре продажбата. К.П.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра