ПОСЛЕ ДОЖДОТ ДОАЃА СОНЦЕ, НО ЗА КРАТКО: Нов бран на дожд попладне!
Објавено во: Мои пари 31 Јануари, 2015 10:28
Една стара поговорка вели после дождот секогаш доаѓа сонцето. Вака е утрово во метрополата на земјава.
Малата „пауза“ од од врнежи со повремени сончеви периоди ќе трае се до попладне, кога не очекува нов бран на дожд кој доаѓа од југозапад.
Интензитетот на врнежите ќе биде позначаен во текот на вечерта. Овој бран ќе трае малку подолго за разлика од првиот и локално ќе донесе над 30 литри на метар квадратен акумулиран воден талог. На планините на височина над 1100 метри, особено во запаниот регион, и понатаму се очекува обилен снег. Ветерот генерално ќе биде послаб во однос на петок, информираат од МЕТЕОПРО.
Минималната температура ќе има вредност околу 3°С низ котлините, до 5°С се очекува во Гевгелиско - Дојранскиот крај, додека на повисоките места минималната ќе се „спушти до 0°С.Јужното струење повторно ќе „повлече“ значително потопол воздух кон нашата земја. Максималната температура ќе има вредност околу 10°С низ котлините во земјава. Во котлините од јужниот дел на земјава ќе достигне вредност околу 11°С. На повисоките места во западниот дел од земјата ќе достигне вредност околу 1°С, а во источниот крај околу 6°С.
Во Скопје се очекува облачно време со врнежи од дожд. Дождот ќе се интензивира во текот на вечерта и ноќта. Наутро и претпладне се можни повремени сончеви периоди. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 10°С.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




