17 Декември, 2025
0.0334

Последен круг претседателски избори во Грција

Објавено во: Балкан 29 Декември, 2014 10:46

Добивај вести на Viber

Со какво сценарио ќе треба да се соочи нашиот јужен сосед ќе се знае по денешниот трет круг од претседателските избори во земјата откако во претходните два круга грчките парламентарци не успеаа да изберат ниту еден од кандидатите. Дали и денес земјата ја очекува истото сценарио и дали ова ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори останува да се види. Доколку гласањето и во третиот круг не доведе до позитивен резултат, парламентот се распушта и ќе бидат објавени општи избори, во кои, според анкетите на јавното мислење, фаворит може да биде главната опозициска партија Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) која ветува дека доколку дојде на власт ќе го преиспита “Поробувачкиот договор” со меѓународните кредитори. Согласно постапката пратеници можат да гласаат само со “да”, да се воздржат, или да не присуствуваат на седницата. Во првиот и вториот круг, кои се одржаа на 17 и 23 декември, пратениците не успеаја да изберат претседател. Кандидатурата на 73-годишниот Ставрос Димас не ги доби потребните 200 гласа во 300-члениот еднодомен парламент. За претседател во првиот круг гласаа само 160, а во вториот – 168 пратеници. Во последниот круг од претседателските избори ќе бидат потребни 180 гласови. За таа цел Владата, која се потпира на 155 гласови, ќе треба да обезбеди поддршка на уште 25 пратеници, што ќе биде исклучително тешко. Аналитичарите не сакаат да ризикуваат со прогнозата дека ќе може да биде избран шеф на државата.    

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата