Последната фотографија на мостот во Џенова открива во колку лоша ситуација бил-недела дена пред да се урне изгледал вака
Објавено во: Свет 16 Август, 2018
Фотографија на мостот во Џенова, наводно направена пред недела дена, јасно покажува во колку лоша состојба бил пред да се урне, поради што настрадаа 38 луѓе.
На фотографијата јасно се гледа дека надвозникот се распаѓа, а се гледаат и сајли кои висат од долната страна на мостот.
Фотографијата ја обивил твитер корисник, а покрај неа напишал: „Мостот во Џенова минатата недела. Без коментар“.
Семејствата на загинатите и властите за трагедијата ја обвинуваат приватната компанија „Autostrada“ која ги одржува повеќето италијански авто-патишта.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте наведува дека операторот на автопатот, компанијата „Autostrada“, е одговорна за обезбедување на безбедноста на мостот и дека владата нема да го чека исходот од актуелната истрага за трагедијата за да преземе акција.
#Gênes le pont la semaine dernière .... sans commentaire pic.twitter.com/WWsUAPgAhR
— sebder (@sebder1) August 14, 2018
Компанијата денес извразила убедување дека ќе докаже дека ги исполнила обврските од договорот за концесија за работата на тоа место.
Владата во Рим, исто така, повика на оставка на врховниот менаџмент на таа компанија и порача дека ќе бара изрекување на високи казни.
Надвозникот, изненадно во текот на силно невреме, се урнал по што десетина возила кои во тој момент поминувале по него пропаднале низ пукантините, 50 метри под нивото на патот.