ПОСЛЕДНИ МИТИНЗИ: ВМРО-ДПМНЕ во Крушево и Прилеп, СДСМ во Гази Баба
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2016 09:56
Изборната кампања на партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори денеска завршува. Утре е молк, а в недела се гласа.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Крушево и Прилеп.
Коалицијата на СДСМ „За живот во Македонија“ ќе има митинг во скопската општина Гази Баба.
Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средба со граѓани во општина Прилеп и митинг во Битола. Кандидатите од ИЕ 1 на коалицијата „ВМРО за Македонија“ со мобилниот тим денеска од 12 часот ќе имаат средби со граѓаните на Македонски Брод. Во 13,30 часот на плоштадот во Прилеп изјава ќе даде лидерот на коалицијата „ВМРО за Македонија“, Љубчо Георгиевски.
Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе одржи митинг на плоштадот во ТЦ Лептокарија.
Политичката партија „Левица“ во 12,30 часот во паркот Жена Борец во Skopje ќе ја одржи својата завршна прес -конференција, заокружувајќи ја на тој начин својата предизборна кампања.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




