19 Декември, 2025
0.0442

Поставена хипербарна комора во Клиника Жан Митрев Кислородни третмани за побрзо заздравување и регенерација на организмот

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2024 13:09

Добивај вести на Viber

Револуционерната терапија со 100% кислород во хипербарна комора сега е достапна во Клиника Жан Митрев. Современиот третмансо вдишување чист кислород при зголемен атмосферски притисок е препорачлив за зацелување и регенерација на организмот како и за постоперативно заздравување, подобрување на спортските перформанси, на когнитивните функции, намалување на динамиката на стареење и стимулирање на долговечноста, за енергија, виталност и релаксација.

При третманот во хипербарната комора пациентот вдишува 100% кислород при зголемен атмосферски притисок и на тој начин природно се забрзува времето на закрепнување и обновување на организмот. Постапката со хипербарната кислородна терапија се одвива со помош на ороназална маска преку која се доставува кислород до секоја клетка од телото.

„Третманот во хипербарната комора е природен метод кој има улога во подобрување на физичките и когнитивните перформанси и се поврзува со повеќе болести и здравствени состојби. Во нормални услови, клетките апсорбираат само 25% кислород, а внатре во хипербарната комора, притисокот го принудува кислородот во белите дробови, крвотокот и клетките, да ги зголеми стапките на апсорпција во клетките. На сите ткива им треба идеално снабдување со кислород за правилно функционирање. Повреденото ткиво бара повеќе кислород за да се обнови и регенерира, така што хипербаричната кислородна терапија ќе го зголеми количеството кислород што го носи крвта за да ги врати потребните нивоа на гасови во крвта и да ја обнови функцијата на ткивата“, вели д-р Александра Лазаревска.

Хипербарната терапија може да се користи како единствен третман или во комбинација со други медицински конвенционални или алтернативни начини на лекување. Позитивните ефекти од ваква кислородна терапија се видливи при повеќе здравствени состојби и болести како аутизам, при трауматски повреди на мозокот, мозочни удари, невролошки пореметувања, спортски повреди на коските и мускулите, по оперативни зафати, во пластичнатахирургија, за смирување на воспаленија, дијабетес, церебрална парализа, антиејџинг, канцер, итн.

Со зголеменото снабдување на клетките со кислород се подобрува енергетското ниво, се смируваат воспалителните процеси, се зголемува клеточниот метаболизам и се подобруваимуниот систем.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка