ПОСТОЈАТ ДОКАЗИ: Oнаму каде воздухот е загаден, смртноста од коронавирусот е поголема
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јули, 2020
Загадувањето на воздухот е поврзанo со смртноста од Ковид-19.
Ова се наведува во објавениот извештај на Обединетите нации за влијанието на пандемијата на коронавирусот врз најголемите градови во светот.
„Постојат докази дека загубата на квалитет на воздухот е во корелација со повисоките стапки на смртност од Ковид-19“, стои во извештајот.
Загадувањето на воздухот и емисиите на штетни гасови значително се опаднати во екот на пандемијата, пренесува Тасс.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вели дека е неопходно да се следат принципите на еколошко засилување, еластичност и инклузивно економско закрепнување.
Тој додава дека многу градови изградија нови велосипедски патеки и пешачки зони, со што повторно го ставаат на располагање јавниот простор и ја подобруваат подвижноста, безбедноста и квалитетот на воздухот.Во Њу Делхи, град кој е загаден, секој четврти жител имал Ковид -19.
Во земјата досега има регистрирано близи 1,3 милиони случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.