Потег за пример! Која банка за шест месеци вработените ги награди со пола милион евра повеќе од лани?
Објавено во: Финансии 29 Јули, 2024 13:19
УНИ Банка за шест месеци исплати 4 милиони евра на вработените што значи дека во нивната лојалност вложи половина милион евра повеќе од истиот период лани. Банката ја зајакнува својата пазарна позиција ги зголеми нето приходите од камати, а добивката за половина година е 2,55 милиони евра
УНИ Банка има подобро деловно полугодие (јануари – јуни) годинава во споредба со истиот период лани. Со тоа оваа банка го продолжува трендот на раст на бизнисот и подобрување на пазарната позиција, покажуваат финансиските податоци за првите шест месеци годинава достапни на СЕИ НЕТ сервисот на Македонската берза.
Нето приходите од камати остануваат да бидат најголема приходна ставка и тие се поголеми за половина милион евра од истиот период лани. На крајот на јуни од нето приходи од камати УНИ Банка остварила 9,73 милиони евра.
Од втората најголема приходна ставка која се однесува на провизиите и надоместоците од банкарски услуги банката остварила приход од 2,21 милиони евра за шест месеци. Тоа е за 263.000 евра помалку во споредба со истиот период лани. Намалувањето веројатно значи дека банката ја зголемува својата лојалност кон коминтентите и деловните партнери и тоа во услови кога поголем дел од конкуренцијата ги зголемува цените на овие услуги. Од деловен аспект гледано ова е рационален потег што ја зголемува довербата и лојалноста на клиентите.
Нето приходите од курсни разлики изнесуваат околу 400.000 евра и се на исто ниво како и лани. Значајно зголемување има кај останатите приходи од дејноста кои изнесуваат над 600.000 евра и се за 147.000 евра повисоки од истиот период во претходната година.
Вредна за истакнување, од анализата на податоците, е грижата на банката за нејзините вработени. За првите шест месеци банката за вработените издвоила 4 милиони евра. Тоа значи дека годинава за задоволни вработени банката издвоила половина милион евра повеќе од лани.
Банката годинава, во првото полугодие, издвоила 3,83 милиони евра резервации за кредити и тоа е 55 отсто повеќе од истиот период лани. Токму овој параметар влијаел на тоа банката во првите шест месеци годинава да има помала добивка од истиот период лани. Доколку дојде до отпис на резервациите тоа по автоматизам значајно може да ја зголему добивката од работењето.
Добивката за шест месеци е 2,55 милиони евра. Односно 9,3 евра по акција.
Од биланост на состојба се заклучува дека нема промени во деловната стратегија. Нивото на кредитирање на крајот на јуни е 278,5 милиони евра што е за нијанса помалку од состојбата на крајот на декември лани. Слична е и состојбата со вложувањата во хартии од вредност. Тие се на ниво од 68,1 милиони евра што е речиси идентично со состојбата на крајот на 2023 година.
Вредноста на депозитите на коминтенти (со исклучок на банки) изнесува 333,5 милиони евра.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





