Добивај вести на Viber
Во првичната сопственичка структура на банките немаше странски акционери, односно сите лица (правни и физички) беа со потекло од Република Македонија. Дури подоцна, кога се востанови Македонската берза на долгорочни хартии од вредност и се формираа и профункционираа останатите регулаторни тела (КХВ, ЦДХВ и сл), се овозможи влез на странски капитал во македонските банки.
пишува м-р Николче Трајчески, Стопанска Банка а.д. Битола
Независноста на Република Македонија и приватизацијата на т.н. општествен капитал се случија во исто време. Општествената сопственост веќе стана надмината категорија, така што преку ноќ се наметна потребата од приватизација на компаниите.
Тоа важеше и за банките чија што трансформација во акционерски друштва се вршеше со законската регулатива која важеше и за другите компании. Наеднаш се појави потребата, но и се отвори шансата капиталот кој го имаше во тогашните банки да добие титулар. Но како да се направи тоа кога малкумина знаеја што значи тоа, уште помалку како тоа да се направи, а бројот на оние кои знаеја какви ќе бидат последиците, можеме само да го претпоставиме. Капиталот на банките требаше да добие сопственик, а за тоа во една пазарна економија требаше да се плати. Дилемата која се постави, подеднакво висеше како Дамоклов меч и над банките, но и над оние кои сакаа да станат акционери, а немаа пари и над оние кои имаа пари, но се плашеа да бидат акционери. Тогаш се пронајде, од денешна гледна точка, многу дискутабилно решение, а своевремено сметано за мошне генијално, кое предвидуваше компаниите кои земаат кредит од некоја банка да подигнат помалку пари од одобрениот кредит, а за разликата помеѓу одобрениот и искористениот кредит да им се запишат акции во конкретната банка. Тоа значеше дека некои компании, не по своја волја, станаа акционери во банките, а пак некои согледувајќи ја отворената можност пред себе, подигаа кредити и запишуваа акции во повеќе банки. Ваквото решение за банкарско акционерство длабоко во себе беше мошне апсурдно и контрадикторно, затоа што во органите на банките (Кредитните одбори) тогаш сè уште членуваа надворешни лица (во најголем број директори на тогашни општествени претпријатија каде сè уште немаше направено сопственичка трансформација) кои заедно со актуелните директори на банките, директно одлучувајќи за одреден кредитен пласман, фактички одлучуваа за тоа кој Ќе биде акционер во банката. Таквата привилегирана позиција им овозможуваше селективен пристап и практично одбирање на идните акционери - сопственици на тогашните банки. Така, најголемите и најкредитоспособните тогашни претпријатија се најдоа во улога на најголеми акционери во тогашните банки. Одеднаш првите луѓе на тие претпријатија станаа членови на органите на управување на банките и практично ја мултиплицираа сопствената моќ и општествена позиција. Со тоа во Република Македонија, можеби непланирано, но сепак се случи симбиоза - сраснување помеѓу банкарскиот и индустрискиот капитал и практично пред очите на сите се издиференцира една нова категорија на капитал, што теоријата го имаше дефинирано како финансиски капитал, а Хилфердинг своевремено го дефинира како: ' ...капитал со кој располагаат банките, а го употребуваат индустријалците”. Сопствениците, пак, на финансискиот капитал ја сочинуваа и сè уште ја сочинуваат т.н. финансиска олигархија, а нејзиниот најелитен и највлијателен дел е т.н.
персонална унија.
На првичните најголеми акционери на тогашните банки (најголемите акционери беа правни лица - претпријатија), акционерството и тоа како добро им се исплати. Едни при првата можност ги продадоа своите акции и заработија повеќе отколку што своевремено земале помалку кредит од одобрениот, и тие пари си ги вложија во постоечките бизниси на чии приносни стапки можеа директно да влијаат, а други, пак, акционерската моЌ која им делегира управувачка моќ во банките, ја искористија за да си обезбедат кредитни пласмани на сопствените компании.
Во првичната сопственичка структура на банките немаше странски акционери, односно сите лица (правни и физички) беа со потекло од Република Македонија. Дури подоцна, кога се востанови Македонската берза на долгорочни хартии од вредност и се формираа и профункционираа останатите регулаторни тела (КХВ, ЦДХВ и сл), се овозможи влез на странски капитал во македонските банки. Но банкарскиот колач беше веќе поделен, а како се управуваше со банките и како се користеше капиталот од првичните акционери е тема за посебена анализа.
Ако се направи анализа сопственичката структура на банките во Република Македонија, со состојба 31.12.2012 година, од аспект на нивната сопственост особено во правец на земјите на потекло на мнозинските акционери во македонските банки, ќе се дојде до следните заклучоци:
- Од вкупно 16 деловни банки (15 без учество на МБПР АД - Скопје) во Република Македонија во 13 деловни банки има присуство на странски директен инвеститор;
- Присуство на директен странски инвеститор се регистрира во сите четири големи банки, во шест банки од групата на средни банки и во три банки од групата на мали банки;
- Само во две деловни банки (МБПР АД - Скопје не ја земаме во предвид поради начинот и целта за која е основана) во Република Македонија нема присуство на директен странски инвеститор и тоа во Стопанска банка АД Битола, која спаѓа во групата на средни банки и во Поштенска банка АД - Скопје која спаѓа во групата на мали банки;
- Само една деловна банка во Република Македонија е во сопственост на друга домашна деловна банка (Еуростандард банка АД - Скопје ја поседува Поштенска банка АД - Скопје);
- Од тринаесетте банки каде е регистрирано присуство на странски директен инвеститор, само во две деловни банки странскиот директен инвеститор не е финансиска институција (Универзална инвестициона банка АД - Скопје каде странски директни инвеститори се физички лица и Еуростандард банка АД - Скопје каде странски директни инвеститори се компании од нефинансиска сфера);
- Странските директни инвеститори во групата големи банки се со потекло од шведска, Словенија, Грција и Франција, односно од ЕУ;
- Странските директни инвеститори во групата средни банки се со потекло од Германија, Бугарија, Австрија, Англија и Турција;
- Странските директни инвеститори во групата мали банки се со потекло од Грција, швајцарија и Бугарија;
- Најбројни се странските директни инвеститори со потекло од Бугарија (четири во три деловни банки);
- Само во две деловни банки странските директни инвеститори не се со потекло од ЕУ ( Еуростандард банка АД - Скопје, швајцарија и Халк банка АД - Скопје, Турција).
Генерален заклучок за сопственоста на македонските банки е тоа дека (ова важи за сите банки од која било група, големи, средни и мали) најголеми акционери се финансиски институции кои во континуитет продолжуваат со зголемување на сопственото учество во сопственичката структура, со што уште повеќе се зацврстуваат како доминантни акционери во банкарскиот систен на РМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: