05 Декември, 2025
0.1606

Потфрли собирањето ДДВ, македонскиот буџет лани покус за 186 милиони евра

Објавено во: Финансии 26 Јануари, 2013 09:41

Добивај вести на Viber

Македонскиот буџет во 2012 завршува со приходи кои се за 186 милиони евра пониски од планираните. Ланската 2012 та година заврши со буџетски приходи од 2 милијарди и 241 милион евра. Со ребалансот на буџетот, Владата планираше да собере 2 милијарди 427 милиони евра. Според објавените, прелиминарни податоци за остварување на Буџетот во 2012 та година, државата лани потрошила 2,5 милијарди евра а планирала да потроши 2,6 милијарди евра, што значи дека освен на приходната страна нема реализација ниту на планираните трошења со ребалансот на буџетот. Најголемо потфрлање кај ДДВ Позначајно потфрлување има кај приходите по основ на ДДВ. За разлика од владините проекции да се соберат 718 милиони евра, во дванаесетте месеци од ланската година се собрале околу 630 милиони евра, што претставува минус од речси 90 милиони евра. Анализата покажува дека натфрлување на буџетските проекции има и кај акцизата. Во 2012 та се собрале 273 милиони евра, а според очекувањата, приходите од оваа давачка биле позиционирани на 259 милиони евра. Слаба реализација на капиталните расходи Ниту во 2012 та Владата не успеа да ги релизира планираните капитални расходи. Со ребалансот на буџетот тие беа позиционирани на близу 348 милиони евра, а според реализацијата на буџетот, заклучно со декември за каптални расходи се потрошени 305 милиони евра. Лани буџетот доживеа еден ребаланс и беше предмет на жестоки расправии меѓу власта и опозицијата за начинот на трошење на државните пари. Опозицијата тврдеше дека станува збор за неразвоен и мегаломански, а власта за реален буџет кој ќе одговори на кризата. Пресметките во сличен тон продолжија при расправата за буџетот оваа година, по што дојде до немилите буџетски настани кои предизвикаа своевидна политичка криза во земјата. Д.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“