„ПОТКУП“ СЕ ОДЛОЖИ: Заев отишол да си земе награда за најдобар градоначалник
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017
Oпозицискиот лидер не се појави на закажаното судско рочиште во кое се товари за мито во случајот „Поткуп“.
Според информациите, причина за одложување на рочиштето било заминувањето на обвинетиот за Сараево каде што треба да ја подигне наградата за најдобар градоначалник на Југоисточна и Средна Европа.
По одложувањето на судењето стана јасно и дека не е изземен обвинителот Златко Биковски од обвинителството за организиран криминал и корпција како што бараше одбраната.
Заев во случајот Поткуп се товари дека наводно од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, Заев побарал поткуп од 163.924 евра, или по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.