Потпишете петиција ако не сакате да ви се „врти“ цел живот од Панорамското тркало
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2016
Доколку сметате дека Панорамското тркало не треба да се гради, ставот може да го искажете на онлајн петицијата која почна да се шири на социјалните мрежи.
Многумина не го оправдуваат овој проект поради огромните суми пари кои се вложуваат во него.
Имено, според новиот договор за дополнителни работи во износ од над 50 милиони денари, односно нешто над 810 илјади евра, вкупната сума на проектот за „Панорамското тркало“ изнесува до 20 милиони евра.
Ако сакате да се потпишете на петицијата со која се прават напори надлежните да стават крај на „тркалото на лудоста“, направете го ова тука.