ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО: „Може ли да ми купите банани и батерии?“
Објавено во: Финансии 04 Октомври, 2025 10:00
Деновиве на социјалните мрежи се споделува потресно сведоштво објавено од Silvana Brkuljan на која и била побарана помош за купувања храна за ќерка која боледува од анорексија.
„20 часот! Истура! Автомобилите ги прскаат пешаците! Студи, бидејќи нагло залади, ретко кој од нас е адекватно облечен. Стојам на семафор, чекам зелено борејќи се со ветерот што ми го витка чадорот! Размислувам за парното и за дефектот во зградата во која живеам. И одеднаш се случува- живот!
На метар од мене застанува жена од 50сетина години. Слаба и потресена! Ме погледнува плашливо размислувајќи дали да ми се обрати! Ја погледнувам и со поглед ја охрабрувам. Ме прашува:
-,,Можам ли да ве замолам нешто?”
- ,,Повелете”, одговарам!
-,, Можете ли да ми купите две банани и од тие дебелите батерии во Стокомак?”
За миг останав зачудена. Не побара пари туку конкретни работи и за мене во тој миг неспоиви потребштини! И велам:
-,,Тргнав накај Веро, дали може таму да ги купиме?”, ја прашувам. Ми вели:
-,, Во Стокомак се поефтини”!
За миг размислувам дека ни е одпат, но некое чуство во стомакот ми налагаше дека ќе ја навредам доколку не ја послушам! Тргнавме во Стокомак. Молчиме и двете! Доаѓаме до продавницата и и велам да влеземе заедно за да ми покаже кои се тие ,,дебели батерии”. Ги зема батериите и две банани!
- ,,Ве молам земете повеќе” и велам! ,,Земете што и да ви треба”
Ме погледнува и тивко ми возвраќа:
-,,Ми треба и леб, ама тој е поскап и го има само во Веро”.
Во стомакот веќе чуствувам големо стегање. Одиме накај Веро. Дождот и студот веќе не го чуствувам! Тивко ми прозборува.
-,,Ќерка ми боледува од анорексија! По долга борба конечно почна да се опоравува и сега има 36 кила. Но храната за неа е многу скапа и специфична! Јас останав без работа, а и маж ми не напушти! Ве молам ако знаете некој да бара работничка… барам работа, ама… не можам да најдам! Никој не сака по неколку саата на ден да ме ангажира. А јас морам да бидам покрај неа цело време бидејќи има проблеми со дишењето и со тахикардии! “
Буица на зборови… тешки зборови!
-,,Батериите ми требаат бидејќи ми ја исклучија струјата, па имам една сијалица која работи на батерии”!
- ,,Побаравте ли помош?”, прашувам глупо!
-,, Секаде” одговара, ,,но не сум пријавена со лична карта во оваа општина” , под кирија сме”!
Влегуваме во Веро. И велам:
-,,Ве молам земете се што ви треба за ќерката”
Нема да раскажувам што се зема, бидејќи сето тоа беше многу скромно и во минијатурно количество и покрај моето инсистирање да земе повеќе. На каса, благајничката ми вели:
-,,Ја познавате ли жената”?
-,,Не”, одговарам.
-,,Доаѓаше неколку пати и бараше работа. Ама не можат да ја вработат бидејќи не може да работи повеќе од неколку часа. Не ја препознав од прва бидејќи е многу ослабната”.
На излезот, ме чека! Ме погледнува и сака да ми се заблагодари! И велам:
-,,Госпоѓо, не ми се заблагодарувајте за леб и за лек”
-,,Се заблагодарувам за вниманието. Не знаете колку понижувања доживувам секој ден”.
Го пишувам сето ова од една единствена причина. Ако некој знае како може да и се помогне на оваа жена, ве молам контактирајте ме во порака и јас ќе ви го дадам нејзиниот контакт!
Можеби ќе ве интересира
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра




