ПОТРОШУВАЧКИТЕ И СТАНБЕНИТЕ КРЕДИТИ И ПОНАТАМУ ОМИЛЕНИ – граѓаните и компаниите должат над 7,5 милијарди евра во банките
Објавено во: Финансии 22 Август, 2024 08:46
Граѓаните и компаниите на банките во земјава им должат над 7,5 милијарди евра. Односно, над 7,5 милијарди евра достигнува кредитното задолжување во домашните банки во земајва.
Најновите податоци на Народната банка откриваат дека на годишна основа кредитите се зголемиле за 7,3 отсто.
Односно на крајот на 2023 година задолжувањето изнесувало на 7,3 милијарди евра, и се зголемило на 7,5 милијарди.
Притоа бројките откриваат дека компаниите се задолжени со 3,6 милијарди евра, додека пак домаќинствата имаат подигнато кредити во висина од 3,9 милијарди евра.
- Месечната и годишната промена е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на секторот „домаќинства“ – соопштуваат од Народна банка.
Од централната банка откриваат дека кредитите на корпоративниот сектор имаат месечен раст од 0,5 проценти, додека на годишно ниво од 7,3 отсто. Промената кај двете основи во целост се должи на зголеменото кредитирање во денари, додека кредитите во странска валута забележаа пад.
Што се однесува пак до кредитите кои ги подигнале домаќинствата исто така има раст, и тоа на месечно ниво од 0,8 проценти, а на годишно од 7,5 отсто.
Од НБ истакнуваат дека има поизразено кредитирање во денари.
Од централната банка посочуваат дека и во јули годинава, како и претходните месеци, се забележува дека има поизразен интерес за конкретни кредити, поточно за потрошувачките и станбените кредити.
- Во јули 2024 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,9 отсто и 0,8 проценти – соопштуваат од НБРСМ.
Притоа годишното задолжување е зголемено за 6,3 проценти кај потрошувачките и 10,5 отсто кај станбените кредити.
Автомобилските кредити овој месец се повисоки за 2,5 отсто, додека на годишно ниво за 23,6 проценти. Кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,2 отсто и 8 проценти, на месечна и годишно ниво.
Во јули, негативните салда на тековните сметки забележаа месечен пад од 1 процент во услови на годишен раст од 8,4 отсто. Во јули, кредитите одобрени врз други основи се непроменети на месечна основа, додека во споредба со истиот период претходната година, тие се намалени за 18,4 проценти.
П.О.
Фото: Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





