ПОВЕЌЕ БУГАРИ ОТКОЛКУ МАКЕДОНЦИ ВО АЛБАНИЈА: изненадувачки резултати од пописот кај соседите
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2024
Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во оваа земја живеат 2.281 Македонец.
Во прегледот ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив стои Северна Македонија.
Гледано одделно од вкупната бројка Македонци 1.136 се од машки, додека 1145 од женски пол.
Според резултатите од пописот, 7.957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.
Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.
Фото и извор: МИА* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.