ПОВЕЌЕ НИКОЈ НЕ СЕ СРАМИ ДА КУПУВА РАБОТИ ОД ВТОРА РАКА: „Second hand“ облеката се продава како алва
Објавено во: Финансии 22 Мај, 2024 06:30
Постојат неколку податоци кои покажуваат дека продажбата на половна облека значително се зголемува насекаде низ светот.
Станува збор за податоците на американската продавница за користена облека ThredUp и британската аналитичка компанија GlobalData. Имено, според овие податоци, десет отсто од вкупната глобална продажба на облека до 2028 година ќе се однесува на половна облека. Дополнително, се проценува дека глобалниот пазар за користена облека ќе вреди дури 350 милијарди долари до 2028 година.
Овој пазар само минатата година порасна за 18 отсто, што е 15 пати побрз раст од целиот пазар на облека. Тоа значи дека половина од вкупниот број купувачи на облека биле оние кои купиле користена облека.
Постојат 163 брендирани продавници низ светот каде што можете да купите или продавате облека од втора рака. Во пораст е и онлајн продажбата на половна облека, а се проценува дека до 2028 година ќе се удвои на 40 милијарди долари.
Постојат неколку причини зошто расте пазарот за користена облека. Меѓу нив се високата инфлација, заштитата на животната средина и поседувањето уникатни парчиња облека.
Според извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ), текстилниот сектор е трет по големина индустриски загадувач во светот. Пред него се секторите за храна и градежништво. Текстилната индустрија е одговорна за емисијата на осум отсто од вкупното количество јаглерод диоксид, како и за 20 отсто од вкупната потрошувачка на вода.
На пример, во Соединетите Држави, само 14 отсто од искористениот текстил се рециклира. Остатокот се запали или едноставно се фрла. Иноваторите работат на тоа како да се намали емисијата на штетни гасови од текстилната индустрија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





