05 Декември, 2025
0.0525

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ – Се крчкаат законски измени со кои највозрасните ќе добијат „покачување“ од нови 2.500 денари

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2025 07:36

Добивај вести на Viber

Пензионерите наскоро со нов раст на пензиите. Ветените 2,500 денари зголемување на пензиите за сите пензионери како во септември, така и во март ќе се реализираат со законско решение.

Со законски измени кои се доставени веќе во Собранието се предлага нов, или втор раст на пензиите во износ од 2.500 денари од 1 март 2025 година.

- Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ја уредува методологијата на усогласување на пензијата. Член 18 став (3) ја става вон сила системската одредба од Законот во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Во овој период пензиите се зголемуваат во фиксен износ од 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година – се наведува во предлог измените.

Во законот исто така е посочено дека и понатаму останува претходно донесеното решение за усогласување на пензијата, и тоа врз основа на формулата 50/50, односно според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија исто така во висина од 50 отсто. 

Растот од 2,500 денари е вонреден раст, кој отстапува од ова правило.

Во документот доставен во Собранието исто така се посочува дека со измените се доуредуваат условите за именување на директорот, односно заменик директорот на Фондот за здравствено и пензиско осгирување. Со новините се предвидува директорите да поседуваат уверение или потврда со кои се докажува познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија.

-  За директор, односно заменик директор на Фондот се именува физичко лице, државјанин на Македонија, со високо образование и пет години работно искуство од областа на правото, финансиите, економијата и пензиското осигурување. Треба да понуди најквалитетна програма за работа на Фондот, и да поседува еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години – се посочува во законот доставен до пратениците.

Меѓу другото во законот се посочува дека зголемувањето на пензиите ќе важи за пензионери кои живеаат во Македонија.

-  Зголемување на пензијата согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, се предлага да се врши на корисници на пензија на кои пензијата им се исплаќа во Република Северна Македонија – стои во законското решение.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката