19 Декември, 2025
0.0464

Повозрасните наставници во паника: Тешко се снаоѓаме со новите технологии, онлајн предавањата ќе ни бидат проблем

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020 12:23

Добивај вести на Viber

Голем дел од наставниците, особено оние кои се неколку години пред пензија ги фаќа вистинска паника пред стартот на учебната година која речиси секаде ќе се изведува без физичко присуство, односно предавањата ќе се реализираат онлајн на неодмна презентираната Национална платформа за далечинско учење.

Велат дека во тек се обуки кои ги изведуваат нивни помлади колеги, но целиот процес како што истакнуваат се одвива многу споро.

-Платформата ја учиме секојдневно, но воопшто не ни е едноставна како што беше претставена. И разбирливо е, бидејќи голем дел од нас се при крајот на својот работен стаж. Се плашам дека ќе потфрлиме во наставниот процес, вели наставничката по хемија во едно од скопските училишта, кое имало доставено барање за настава со физичко присуство и за погорните одделенија, но сепак со одлука на владината Комисија и таму ќе има целосно онлајн настава.

Инаку, Нционалната платформа за далешинско учење беше презентирана минатата недела, а наставата ќе може да се следи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик.

Министерката за образование, Мила Царовска тогаш посочи дека целта е да се одржи образовниот процес во услови на пандемија и отворање нови можности, да се работи на нови методи и пристапи како подготовка за иднината.

-Преку лесната достапност до содржините се доближува образованието до каналите кои учениците често ги користат и е добра замена за традиционалното учење, рече тогаш министерката Царовска.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот