Повредените во експлозијата во Драчево се уште во критична состојба
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2016
Трите жени од скопско Драчево кои се дел од осуммината повредени во вчерашната експлозија која зафати две куќи се уште во критична состојба.
Имено, пациентите и денеска се на интензивна нега . Една од повредените има над 60 посто изгореници по телото и во моментов е приклучена на апарати за дишење, додека другите две се подобро и од Интензивна се префрлени во Центарот за изгореници.
Имено, незгодата се случи вчера околу 15 часот додека семејствата на тројцата браќа Амети биле собрани на ручек а а еден од браќата во другата соба монтирал греалка на плин , по што боцата експлодирала и настанал пожар.
Експлозијата повреди 8 лица кои имаат тешки изгореници.
Пожарот е спречен кон соседите и во моментов е под контрола, но поради испарување на отровни материи и истекување на гас истрагата на надлежните вчера беше прекината и продолжува денес.
Официјална информација за пожарот е дека експлозијата се случила додека се монтирало грејно тело со плински боци.