Повторно откажана аукцијата на државни хартии од вредност
Објавено во: Финансии 06 Август, 2013
Министерството за финансии ја откажа за денеска закажаната аукција на државни хартии од вредност. Ова е втора по ред аукција на државни хартии од вредност која се откажува во рок од еден месец.
Целта, како што информираат од Министерството за финансии, е да се излезе во пресрет на бизнис заедницата и да се подигне ликвидноста на стопанството, секогаш кога ќе има простор за тоа.
- Министерството за финансии и Владата на Република Македонија остануваат посветени на поддршка на стопанството во време на европска економска криза, велат оттаму.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.