ПОВТОРНО РАСТАТ ЦЕНИТЕ - најголеми поскапувања статистичарите утврдија кај транспортот и храната
Објавено во: Финансии 08 Април, 2024 14:39
Инфлацијата во земајва останува висока и покрај преземените мерки изминатиот период.
Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека на годишно ниво инфлацијата достигнува дури четири проценти.
- Индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи зголемување од 4 проценти, додека пак индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,8 отсто - се наведува во соопштението на ДЗС.
Од друга страна, статистика регистрираше раст на цените и на месечно ниво.
Имено, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, изнесува 0,9 отсто.
Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во повеќе категории. Статистичарите утврдиле дека најголеми поскапувања има во групите транспорт за 3,1 процент, потоа храната и безалкохолни пијалаци за 1,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,6 проценти.
Поскапување има и кај категориите рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,5 отсто, облека и обувки за 0,2 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0,1 отсто.
- Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,1 процент. Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец - соопштуваат од Државниот завод за статистика.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




