Пожари во Источна Македонија, Општина Берово ги повика граѓаните да помогнат во гаснењето
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 17:50
Гори шума во околината на градовите Делчево и Берово.
Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци, но и сува трева и шума на планината Средна на местото Света Вода, меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот во беровско се шири поради ветерот, а на терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“.
Портпаролката на Општина Делчево, Даниела Такева вели дека според првичните информации во делчевско е зафатена е површина од два-три хектари шума и сува трева.Општина Берово денеска aпелираше до граѓаните за помош при гаснење на пожарот.
„Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелираме до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година“, велат oттаму.
И лани во овој дел на Македонија имаше големи шумски пожари кои направија пустош. На помош дојдоа пожарникари од повеќе земји. Помогнаа Словенци, Австријци, Бугари, Срби.фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




