ПОЗИТИВНАТА КОМПАНИСКА КУЛТУРА КАКО СТРАТЕШКА ПРЕДНОСТ НА ИТ КОМПАНИИТЕ
Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2023 09:51
Добросостојбата на вработените е аспект кој ги засега сите компании, од сите индустрии. Иако свесноста за потребата од здрава работна средина е висока, евидентно е дека досега ниту една индустрија не ставила фокус на подобрување и развивање на позитивна компаниска култура како што тоа го има направено ИТ индустријата.

Сепак, и во ИТ секторот перцепцијата за компаниска култура се разликува помеѓу компаниите. Како позитивен пример на нашиот пазар, со работна средина која ги зема предвид потребите на вработените на работното место, но и надвор од него, се издвојува Emit Knowledge – компанија која веќе 10 години создава напредни и прогресивни софтверски решенија, преку развивање на софтверски производи.

Со главно мото “компанија што на прво место ги става луѓето и слободата сами да донесуваат одлуки” Emit Knowledge градењето на позитивна компаниска култура и пријатна работна средина за своите вработени не го гледаат како проект, туку како долгорочна стратегија за раст и развој.


До неодамна, благосостојбата на вработените и балансот помеѓу работниот и приватниот живот претставуваше луксуз, но денес, работите се доста поинакви. Она што повеќето компании го гледаат како чисто алтруистички потфат е всушност многу повеќе од тоа, бидејќи компаниите со силна компаниска култура кои во преден план го ставаат доброто на вработените всушност перформираат подобро од останатите.
Покрај тоа што придонесува за зголемување на задоволството и продуктивноста на вработените, градењето на отворена компаниска култура претставува и стратешка алатка за обезбедување на компанискиот раст и развој, а со тоа и зголемување на вредноста на финалниот продукт за клиентите.
“Успехот на една компанија како целина е невозможен без индивидуалниот успех на вработените”, додаваат од Emit Knowledge. “Компаниската култура е жива материја која континуирано се развива и неа ја создаваат самите луѓе кои работат во неа. Токму затоа сме посветени да им помогнеме на нашите вработени да бидат најдобрата верзија од себе, бидејќи тие го градот патот до сите идни успеси. ”
Emit Knowledge e првата наша ИТ компанија која јавно ја истакна својата кариерна патека, како знак за отворена комуникација со вработените уште пред нивното вклучување во тимот.
пр објаваМожеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




