ПОЗНАТ ПОЛИТИЧАР ТВРДИ: Втор бран на коронавирус ќе има во октомври-ноември
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Мај, 2020 12:06
Втор бран на коронавирус ќе има во октомври-ноември.
Вакви најави стигаат од Унгарија.„Унгарија треба да се подготви за потенцијален втор бран на коронавирусот во октомври-ноември, иако ширењето на вирусот најверојатно ќе биде забавено во текот на летото“, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио.
Тој вели дека вирусот не е победен, туку само исчезнал некое време.
Порача дека ако властите успеат да ја намалат стапката на смртност во Будимпешта, каде што се регистрирани 80 насто од смртните случаи, само тогаш ќе бидат олеснати тековните ограничувања во главниот град. Земјата ќе укине голем дел од ограничувањата на селата од понеделник. Засега има пријавено 2.863 случаи на заразени и 323 починати од Ковид 19.
Унгарија пред две недели протера 14 ирански студенти под обвинение дека шират коронавирус.
Оваа одлука остро ја критикуваа властите во Техеран, како и унгарскиот Хелсиншки комитет.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





