Познати имињата: Кој ќе го реформира УБК?
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018 11:10
Министерството за внатрешни работи формиралo работна група за реформите во Управата за безбедност и контраразузнавање, чија цел е да создаде професионални, департизирани, транспарентни агенти кои ќе ги штитат граѓаните и државата. Групата се состои од 32 лица, а во неа се вклучени претставници од државни институции и невладини организации, пишува „Порталб.мк“.
Дел од работната група за спроведување реформи во УБК се и Народниот правобранител, Иџет Мемети; претставникот на Оперативно – техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје; Гордан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија; претставничката на НВО „Аналитика“, Магдалена Лембовска; како и Александар Стојановски од „Еуротинк“.
Од пратениците, ќе учествуваат тројца – Емилија Александрова од собраниската Комисија за надзор над работењето на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање, Фросина Ташевска – Ременски од собраниската Комисија за одбрана и безбедност, како и Зоран Илиоски од Комисијата за надзор на спроведувањето на посебната истражна мерка за прислушување на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската Управа и Министерството за одбрана.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат вклучени 12 членови: Силјан Аврамовски, Славјанка Петровска, Сашо Тасевски, Ариф Асани, Даниела Јаковлевски – Ѓоршоска, Сашо Трајковски, Нухи Незири, Весна Доревска, Снежана Петровиќ – Арсовска, Светлана Влаховиќ – Димановска, Тони Станковски и Виолета Влаховиќ.
Претставник на Министерството за одбрана во Работната група за реформите во Управата за безбедност и контраразузнавање е Горан Василевски, а од Министерството за финансии тројца: Благоја Крстевски од Царинската управа, Блажо Трендафилов од Управата за финансиско разузнавање и Јане Шилев од Управата за финансиска полиција.
По еден член имаат Врховниот суд на Република Македонија – Рахилка Стојковска, од Основното јавно обвинителство – Влатко Георгиевски, од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Вилма Рускоска, од Специјалното јавно обвинителство – Атанас Гинев, од Агенцијата за разузнавање – Зоран Иванов, од Управата за безбедност на класифицирани информации – Стојан Славески, од Управата за заштита на лични податоци – Валентин Ветаџокоски и Игор Кузевски, пренесува Порталб.мк.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




