Познати виролози прогнозираат кога ќе ослабне коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Август, 2020
Германските виролози Кристијан Дростен и Хендрик Штрик минатиот месец зборуваа за можноста новиот коронавирус еден ден да стане безопасен патоген.
Вирусот ќе остане со нас трајно, но може да стане обична настинка. Ова, сепак, тие веруваат, може да се случи за неколку години, а не за месеци.
Сепак, колегата Фридман Вебер од Универзитетот Гисен нема да се согласи со нив, објаснувајќи дека во секоја смисла е „премногу рано да се предвиди слабеење“ и го наведува ХИВ вирусот како пример за предупредување, кој остана опасен по живот, децении подоцна.
Вирологот Улф Дитмер од Есен вели дека во многу земји каде што сега започнува вториот бран, смртноста е значително помала.„Гледаме, на пример, во Америка дека со зголемен број на инфекции, бројот на смртни случаи е помал отколку на почетокот. Сепак, не знаеме дали тоа има некаква врска со модифицираниот вирус, или со фактот дека помладите луѓе се масовно заразени или со фактот дека терапијата е подобрена“, вели тој.
Заклучокот е дека сè додека не се испитаат сегашните мутации на вирусот Sars-CoV-2, не можеме да знаеме колку се опасни и како тие ќе се развиваат понатаму.
Научиниците открија каква е хронологијата на симптомите кои се јавуваат кај заразените.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.