ПРАКТИЧНА ЕДУКАЦИЈА: Како полесно да се вработите и да напредувате во кариерата!
Објавено во: Мои пари 31 Март, 2014 08:23
Нова Консалтинг и Едукација е компанија која веќе 18 години, освен сметководство и ревизија, држи обуки за практично водење сметководство, и за практична примена на законите кои ја тангираат оваа проблематика. Едукативни обуки, тренинг и усовршување на лицата кои се дел од сметководствените и финансиски тимови во компаниите. Досега во обуките на Нова едукација минале над 1800 индивидуалци.
„Учесниците во обуката се поставени така што тие практично водат сметководство на својата замислена компанија. Симулираме вистински ситуации на компании кои се занимаваат со трговија на големо, на мало, пружање на услуги, евидентирање на настани по основ на промени на жиро сметка (изводи, влезни фактури,од домашни или странски добавувачи, излезни фактури, итн.“, вели Кристина Тилиќ, основач на „Нова Консалтинг и Едукација“.
Практична примена на искуства
Тоа што го издвојува овој систем на обуки како уникатен и препознатлив е што учесниците во обуката се задолжени да состават финансиски извештаи за дадената компанија, и сами да направат контрола дека тоа што го изработиле е точно. Се разбира под раководна палка на искусни професионалци.
„Оваа обука им помага на сите што ќе останат во сметководството, кои ќе се вработат во било кој сегмент на финансиите, на оние што ќе се вработат во банка, (да направат анализа на клиент). Се разбира нашата обука е значајна и за сите оние кои имаат амбиција да бидат на некоја менаџерска позиција, од областа на финансиите, но и на оние кои сакаат да станат даночни консултанти, бидејќи добиваат практична примена на сите закони поврзани со овие сфери“, вели Тилиќ.
Веќе во април почнуваат новите курсеви поделени на следниов начин:
На 5 април: Практична примена на законите за: ДДВ, ДД и ПДД, изготвување завршна пресметка - Напреден курс.
На 22 април: Практично водење на сметководсто и примена на даночно законодавство - Основен курс.
Младите луѓе, но и оние кои веќе работат, кои го минале системот на едукација во „Нова консалтинг и едукација“ се многу задоволни од начинот на кој се водат часовите.
Станува збор за интеракција на учесниците во обуката со предавачите, која часовите ги прави исклучително интересни, а што е најважно, од обуката излегуваат подготвени за своето прво вработување, или пак за усовршување во позицијата во компанијата во која веќе работат.
Повеќе информации за начинот на кој се работи во Нова Консалтинг и Едукација можете да добиете на веб страната www.novakonsalting.mk.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




