16 Декември, 2025
0.2401

Практична работа во интернационални компании

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2016 14:21

Добивај вести на Viber

16 млади од Прилеп имаа можност да учат и се стекнат со двонеделна практична работа на работно место во Грција, Хрватска, Португалија и Англија како дел од интернационални компании. За време на престојот во странство, средношколците од Прилеп имаа практична настава и ги развиваа своите вештини во полето на маркетинг менаџментот, преку методи коишто се користат во неформалното учење, практична работа во Центри за стручно образование и интернационални компании во државите кои се партнери на проектот. Проектот “Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ е дел од програмата Еразмус + на Европската комисија и го имплементираат партнери од 5 различни држави и тоа Македонија, Португалија, Англија, Грција и Хрватска.

Младите од Прилеп ги унапредија своите професионални вештини преку проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ која има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи. Во рамките на успешното завршување на проектот и практичната настава, организаторот и еден од партнерите на проектот, Младински Совет Прилеп  им додели Europass Mobility сертификати, на лицата, кои беа на пракса во Португалија, Англија, Грција и Хрватска, и се стекнаа со практични вештини на работни позиции во интеркултурна работна атмосфера.

Марија Ѓорѓиоска - пракса во Хрватска „Ние ги согледавме разликите помеѓу формалното и неформалното образование и се здобивме со меѓународна пракса на која што го искористивме нашето знаење од средното економско училиште.“

Филип Богданоски - пракса во Португалија “Го искористивме нашите теоретски знаења од средното образование во маркетинг- менаџмент секторот и го спроведовме во текот на нашата меѓународна пракса. Ги проширивме своите погледи во однос на маркетингот во Европските фирми каде што работевме.”

Подобрување на вработливоста на младите луѓе и побрза транзиција од образование кон пазарот на трудот беше основна цел на двонеделната посета на 4 Европски земји од страна за 16 млади, штотуку завршени средношколци, од Економското училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Прилеп.Проектот “Ние можеме и ќе го направиме тоа” е подржан од Еразмус+ програмата на Европската Комисија.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“