Пратеничката Силјановска Давкова предупредува дека може да се соочиме со кластер „Викенд без ДДВ“
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Октомври, 2020
Утре и задутре имаме „Викенд без ДДВ“, а пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, праша дали е можно да имаме нов кластер токму поради оваа мерка.
Таа праша дали навистина итно е потребна оваа мерка во вакви услови.
„Си го поставувам прашањето и дали е консултирана Комисијата за заразни болести за оваа мерка. Но, како и да е консултирана, ќе мора да се помириме со таа политичка одлука на Владата под изговор дека се работи за антикризна мерка. Сме станале демократски декор, значи Владата не ја контролираме ние, туку таа не контролира нас. Сега се ставаме во ситуација да ги бркаме луѓето од рестораните и кафулињата, а да ги туркаме кон моловите. Ме плаши оној синдром на црн петок, но овој пат може да имаме црна сабота после овој викед без ДДВ. Да не се соочиме со кластер викенд без ДДВ“, рече Силјановска-Давкова.
Вели дека изменувањето на законот за враќање на ДДВ кон физичките лица се коси со правните прописи и норми.
Од УЈП соопштија детали за условите за враќање на ДДВ и бенефитот кој ќе го имаат граѓаните.Maкедонија деновиве урива рекорди со бројот на заразени.
Денеска се регистрирани 386 нови позитивни случаи на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.