18 Декември, 2025
0.1123

Пратеници се чувствуваат измамени што се вакцинираат со Спутник: Едно кажаа, друго прават, ова е фејсбук политика, вели Трајанов

Објавено во: Македонија 23 Април, 2021 13:17

Добивај вести на Viber

Пратениците од денеска се вакцинираат во Спортската арена А1, а нивното приоритетизирање како дел од критичната инфраструктура беше мета на јавна осуда, дополнително откако вчера вечерта се тврдеше дека пратениците ќе се вакцинираат со Фајзер вакцината. Сепак утрово кога првите пратеници пристигнаа на термините за вакцина стана јасно дека ќе се употребува руската вакцина Спутник, како што потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

Сепак пратеникот Павле Трајанов тврди дека епак имало замена на вакцината откако тоа беше јавно искритикувано. Прстот го вперува кон министерот за здравство Венко Филипче.

Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса.Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара, сподели Трајанов на фејсбук.

Делод пратениците кои се имунизираа денеска со првата доза Спутник V велат дека никој претходно не им кажал со која вакцина треба да се вакцинираат.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски вели дека не знае од каде излегло дека вакцинирањето е со Фајзер. 


„Во известувањето за терминот не стоеше ниту Фајзер, не знам од каде излезе. Ја примивме Спутник V и засега добро се чувствувам, вели тој за Фактор.

Додаде дека во салата биле поголем дел од пратениците на СДСМ освен тие кои имаат прележано. 

Има најава дека вакцина ќе примат и пратениците на ВМРО ДПМНЕ. 

Билал Касами од БЕСА рече дека со вакцинирањето сакаат да дадат пример дека вакцинирањето е безбедно.



Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето