05 Декември, 2025
0.0637

Пратениците го одобрија новиот заем за развојни политики

Објавено во: Финансии 05 Февруари, 2014 20:26

Добивај вести на Viber

Пратениците дадоа „зелено светло“ за ново задолжување од 36,4 милиони евра кај Меѓународната банка за обнова и развој. Кредитот е наменет за развојни политики и зголемување на конкурентноста. Во законодавниот дом, жестока беше расправата околу новиот заем, кој според опозицијата е уште едно задолжување пред избори. „Оваа држава ја задолжувате прекумерно и тоа го правите непотребно, кога треба да се одржат избори. Овие пари ќе се трошат само за избори и за манипулирање и поткупување на гласачите во Македонија“, рече пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ. Наспроти ова, Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека СДСМ уште сега бара алиби бидејќи, како што рече, партијата е свесна дека ќе ги изгуби претстојните претседателски избори. Заемот е предвидено да се искористи за производство со висока додадена вредност, преструктиурање на земјоделството, раст на флексибилноста на пазарот на труд и на ефикасноста на трговската логистика. Владата ќе го отплаќа заемот по две рати годишно во текот на 18 години, со грејс период од 5 години и камата во висина од 6-месечен ЕУРИБОР кој сега изнесува околу 0.4%. Државниот долг на земјава на крајот на минатата година изнесуваше 2.7 милијарди евра, а според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ова се уште е ниско на ниво на задолженост. Повеќе за тоа какви се последните податоци за состојбата со задолженоста на Македонија, на следниот линк: ДОЛГ ОД 2,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Највисоко ниво од 2005 та година ! Заемот од Светска банка ќе се искористи за производство со висока додадена вредност, преструктиурање на земјоделството, раст на флексибилноста на пазарот на труд и на ефикасноста на трговската логистика. Владата ќе го отплаќа заемот на две годишни рати во текот на 18 години, со грејс период од 5 години и камата во висина од 6-месечен ЕУРИБОР кој сега изнесува околу 0.4%. Бордот на Светска банка ќе го усвои проектот на 13 март. Државниот долг на земјава на крајот на минатата година изнесуваше 2.7 милијарди евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката