Пратеник заврши на Инфективна
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Октомври, 2020
Исмаил Јахоски, пратеник од ДУИ од вчера е хоспитализиран на Инфективна клиника.
Јахоски во болница е примен со покачена температура и симптоми на Ковид-19.
Веста ја објави Zyrtare.net од извори блиски до Јахоски и неговата партија.
Пред да стане пратеник, Јахоски претходно беше градоначалник на Општина Пласница.
Секој ден бројот на заразени од коронавирусот расте.