22 Јануари, 2025
0.0261

Православните христијани го чествуваат Вознесение Христово – Спасовден

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Вознесение Христово или Спасовден е христијански празник кој се слави 40 денови по Велигден. Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: "А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие, пак,отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!" Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.

Во спомен на овој настан Светата христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Вознесение Господово кој уште се вика и Спасовден, зашто се празнува денот на Спасителот на светот - Исус Христос. Иако е востановен уште во апостолски времиња, празникот на вознесението не се празнувал одделно на четириесеттиот ден по Велигден туку во Педесетницата биле слеани повеќе спомени и тука бил стопен и овој спомен. Дури во крајот на IV век тој спомен е одделен од Педестиницата, кога се празнува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, празник познат и под имињата Духовден (Дуовден) и Света Троица.

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“ се зборува и за вознесението на Исус. Притоа се вели дека Исус на апостолите им се јавил жив, како што им се јавувал за време на четириесетте дена кога им зборувал за царството Божјо. „И собирајќи ги Он им заповеда: Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене. Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух“. Со ова Исус го најавил слегувањето на Светиот Дух врз апостолите како и она што подоцна ќе се случи и во кое тие ќе бидат активни учесници. „...но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата. И штом го рече тоа, додека тие го гледаа, Он се подигна и облак Го подзеде од пред очите нивни. И додека гледаа кон небото, кога се вознесуваше Он, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото ќе дојде пак по истиот начин, како што Го видовте да оди на небото“. (Дела 1/1-11)

Овој настан се споменува и во евангелските текстови, поточно во Евенгелијата на Марко и на Лука. „А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. Тие пак отидоа и проповедаа насекаде: и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин.“ (Марко 16/19-20) Овој настан се споменува и во Евангелието според Лука: „И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете ги благослови. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. И беа постојано во храмот, каде што го прославуваа и благословуваа Бога. Амин.“ (Лука, 24/50-53) Така, според овие сведоштва, Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале во храмовите.

о празникот Спасовден се поврзани голем број обичаи и верувања од кои поголемиот број имаат претхристијанско потекло. Во таа смисла истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанскиот период се празнувал празникот на божеството Спас, кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето. Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало посевите.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас