Празниците се ближат, а Германија оди под „клуч“
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Декември, 2020
Германија оди под „клуч“ за празниците.
Од денеска почна остар карантин, а министерот за здравство Јенс Шпан најави дека вакцинацијата ќе почне следната недела. По вторпат годинава во Германија е прекинат јавниот живот, со исклучок на продавниците за храна и други секојдневни неопходни производи, сите продавници се затворени до 10 јануари, како и училиштата и градинките.
ЕУ ќе ја одобри првата вакцина пред католичкиот Божиќ на 25 декември. Германија си обезбеди дополнителни 20 милиони вакцини од БионТек. Германската канцеларка Ангела Меркел вчера предупреди дека јануари и февруари ќе бидат тешки месеци поради пандемијата.Светската здравствена организација (СЗО) ги повика Европејците да носат маски на семејните божиќни собири, објави Би-Би-Си. Стапката на пренесување на вирусот на континентот е висока.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.