19 Декември, 2025
0.0488

Пречистување на отпадни води – зошто и како?

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2022 08:57

Добивај вести на Viber

Еден од главните предуслови за поубава и посигурна иднина, и квалитетен живот и здравје, е незагадена животна средина во која чистите води се клучни. Но, реалноста е поинаква поради тоа што водите не го добиваат потребното внимание во јавноста. Еве ја состојбата:

Отпадните води од домаќинствата и индустријата создаваат огромен притисок врз животната средина. Во нашата држава постојат пречистителни станици што воопшто не функционираат, а постојат и такви кои работат неефикасно.Во моментот имаме дури 17 нефункционални станици! Итно се потребни нови пречистителни станици за најмалку 34 населени места кои немаат или за кои воопшто не е предвидена изградба на системи за собирање и третман на отпадни води. Ова е проблем кој сериозно влијае на квалитетот на живот, здравјето и животната средина, но доколку не се реши итно, ќе има трајни и големи негативни последици врз животот на населението и развојот на општеството во иднина.

Главната причина за овие проблеми е претпоставувате, недостатокот на средства за инвестиции. Државата не предвидува такви средства ниту на државно, ниту на локално ниво. Но, на располагање стојат средства од околу половина милијарда евра за нови пречистителни станици од меѓународни фондови и ЕУ, доволни за неколку сериозно модерни пречистителни станици со голем капацитет.Се поставува логичното прашање - како да стигнеме до овие средства?

Првиот проблем со кој се соочуваат општините и јавните претпријатија е недостатокот на стручни лица кои знаат да подготват проектна документација и апликации, како и да го водат процесот од идеја до изградба и ефикасно управување со процесите во пречистителните станици. Со други зборови, решението постои, но недостасува интерес и знаење. Доколку јавноста не биде гласна и не побара решение, локалните власти и јавните претпријатија ќе останат неми на овој повик за решение.


Како една од ретките можности за излегување од оваа крајно неповолна ситуација е програматаза пречистителни станици на RCDN (регионална мрежа на асоцијации од Западен Балкан поддржана од Германската агенција за интернационална соработка) и поддржана од SECO (Швајцарска агенција за развој и соработка), која спроведува обуки за трите најважни сегменти од овој проблем:

1. Oбука за градоначалниците, министерствата, директорите на јавните претпријатија, да носат одговорни одлуки (бидејќи пречистителните станици се голема инвестиција со која не смеат да се прават никакви експерименти и импровизации);

2. Oбука за инженери и менаџери за тоа што се е потребно и како да започнат со подготовки, пишување на проект и апликација и управување со тимовите во процесот на изработка на документацијата, и

3.Обука за персоналот во постоечките станици за надградба на знаења и вештини и зголемување на ефикасноста на работењето на станиците и нивното одржување, како и намалување на трошоците за третман на отпадните води.


Од тимот на RCDN споделуваат дека не е целта само да се изградат пречистителни станици, туку да се зголеми ефективноста и ефикасноста кај сите засегнати страни.

“Оддржувањето повлекува трошоци, а во моменти на кризи како сега, јавните институции одлучуваат во целост да ги исклучат пречистителните станици со цел заштеда на енергија. Наместо тоа да резултира со фрапантно загадување на животната средина поради испуштање необработен отпад, постои алтернатива за попаметно користење на станиците преку која истите ќе трошат знаително помалку енергија, а отпадните води ќе бидат чисти и нема да бидат штетни за околината.” – велат од RCDN.

Одговорноста за здрава и чиста животна средина е на секој од нас. Поголема свесност за користење на природните ресурси ќе придонесе кон нивно зачувување и долгорочно користење. Мора да реагираме на ова веднаш! Времето истекува... 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција